Музичкиот магазин Rolling Stone за првпат во 17 години ја освежи листата на Топ 500 најдобри песни на сите времиња.
Првобитната листа е објавена во 2004 година, а оттогаш музиката се има многу променето со појавата на нови жанрови и изведувачи.
Во изборот на најдобри песни учествуваа повеќе од 250 уметници, музичари, продуценти, критичари, а на листата се појавија 254 нови песни.
За најдобра на сите времиња е изгласана песната Respect од 1967 година во изведба на Арета Френклин.
Песната првично ја испеа Отис Ретинг, но изведбата на Арета доживеа најголема популарност.