Веќе нема дилема - Марцело Брозовиќ наскоро ќе стане нов фудбалер на саудискиот клуб Ал Наср, пренесува познатиот италијански спортски новинар, Фабрицио Романо.

Иако до завчера тврдеше дека не ни имал некоја понуда, хрватскиот репрезентативец сепак се чини ќе замине кај парите. Романо пренесува дека е постигнат вербален договор меѓу Ал Наср и Брозовиќ и дека се чека само потпис на договорот.
Хрватот денеска би требало да оди на лекарски преглед, а потоа да потпише договор до 2026 година.
Финансиските детали од оваа зделка се неверојатни. Имено, Ал Наср на Интер ќе му плати отштета од само 23 милиони евра, а Брозовиќ ќе добие 100 милиони евра плата...
Хрватскиот репрезентативец наводно имал и други понуди на маса, меѓу кои и од Барселона.
Сепак, очигледно е дека саудиската била далеку попримамлива и токму затоа решил да се испроба на Блискиот Исток.
Брозовиќ во Интер мина 8 години, а за „Нераѕурите одигра 330 натпревар на кои постигна 31 гол и направи 43 асистенции. Освоие 1 Скудето, 2 пеххара во Копа Италија и 2 во Суперкопа, а играше финалиња на Лига Европа и Лигата на шампионите.
Претходно настапуваше и за Динамо, Локомотива и Хрватски Драговољац.