ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2024

Романо: Елмас се договори со Лајпциг, остануваат детали

Филип Здравески
/ 20.12.2023 / 10:44

Новинарот експерт за трансфери, Фабрицио Романо, објави дека трансферот на Елиф Елмас во Лајпциг е 99% завршена работа.

Романо синоќа објави дека Лајпциг и Наполи се договориле за обештетување од 25 милиони евра, а сега информираше дека бундеслигашот и македонскиот репрезентативец ги договориле условите за договорот.

Останува уште да се испеглаат детали со Наполи и трансферот ќе се реализира.

„Ексклузивната приказна се очекува да заврши наскоро“, твитна Романо.

URL

Неговиот договор со Наполи е до јуни 2025.

Елмас синоќа не беше дел од дебаклот на Наполи во Копа Италија, но не поради трансферот, туку поради тоа што има истегнат мускул и се очекува да се врати на терените на почетокот од јануари. За Лајпциг би можел да дебитира на 13-ти кога дома ќе го пречека Ајнтрахт во Бундеслигата.

Трансферот вреден 25 милиони евра значи дека Елмас ќе го урне рекордот за најскап трансфер на македонски фудбалер, кој е сам го држи. Кога во 2019 година од Фенербахче дојде во Наполи за него беше платена сума од 16,2 милиони евра.

Топ 5 најскапи трансфери на македонски фудбалери:

  1. Елиф Елмас од Наполи во Лајпциг - 25 милиони евра
  2. Елиф Елмас од Фенербахче во Наполи - 16,2 милиони евра
  3. Дарко Панчев од Црвена звезда во Интер - 12 милиони евра
  4. Горан Пандев од Интер во Лацио - 8 милиони евра
  5. Горан Пандев од Интер во Наполи - 7,5 милиони евра
реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе