Експертот за трансфери, Фабрицио Романо, утринава објваи екслузивна вест кога Елмас ќе стане играч на бундеслигашот Лајпциг.
„Елиф Елмас во Лајпциг, одиме! Постигнат е договор помеѓу двата клуба, личните услови се веќе договорени.
Наполи ќе добие 25 милиони евра, како што беше објавено во вторникот.
Медицинските прегледи ќе се извршат до крајот на месецов.
Ова е ексклузива, потврдена“, утринава твитна италијанскиот новинар.