Кристијано Роналдо ја доби повеќемесечната правна битка против неговиот поранешен клуб Јувентус, кој ќе го уништи бидејќи торинскиот гигант мора да му плати цело богатство.
Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека Јувентус ќе му плати на Роналдо близу 10 милиони евра, што е половина од сумата за која Португалецот го тужеше клубот врз основа на заостанати плати.
Станува збор за плати од времето кога во Европа беснееше пандемијата на коронавирусот, а потсетуваме дека Роналдо во Јувентус заработуваше 31 милион евра годишно.
Тогаш многу клубови им ги скратија платите на играчите поради недостиг на приходи, а Роналдо не се согласуваше со тоа, па реши да си ги побара парите преку суд.
Роналдо денес е член на саудиски Ал Наср, а Јувентус го напушти во август 2021 година. За Старата Дама одигра 134 натпревари и постигна 101 гол.