Роналдо и враќањето во Реал: Кој добива, а кој губи?

Јувентус го донесе Кристијано Роналдо во 2018 година со надеж дека Португалецот ќе му помогне да го освои првиот трофеј европски шампион по 1996 година.

Минатата недела клубот од Торино беше шокантно елиминиран во осминафиналето од тоа натпреварување од Порто. Во ниту една од трите сезони со Роналдо, Јувентус не успеа да се пласира ни во полуфиналето од Лигата на шампионите, а исто така е на добар пат да остане без Скудетото по девет години доминација во Италија.

Затоа италијанските и светските медиуми со недели калкулираа за иднината на Роналдо во Торино. Иако има уште една година од договорот, тие веруваат дека 36-годишниот CR7 може да ја промени средината на лето, доколку клубот одлучи дека е време за подмладување и нова ера.

Како главна дестинација се спомнува враќање во Реал Мадрид, во кој во последните три сезони недостасува играч кој ќе гарантира 30 гола по сезона. Marca минатиот викенд објави дека агентот Жорже Мендеш му го понудил Роналдо на Реал, но Флорентино Перес го одбил.

Ситуацијата, секако, може да се смени до крајот на сезоната, особено ако Реал остане без трофеј. Но, дали новиот мандат на „Сантјаго Бернабеу“ би бил добар потег и за него и за клубот? Со оглед на доцнењето со новите договори на неговите врсници Лука Модриќ и Серхио Рамос и цела низа млади екстраталенти кои чекаат прилика, се чини дека на Реал навистина не му треба Роналдо.

Гардата е „во години“

За Роналдо, годините уште се само бројка - како што покажува листата на стрелци во Серија А каде е на првото место со 23 погодоци. Неговите квалитети сè уште не се спорни и тој сигурно би го подобрил ужасниот учинок на офанзивните играчи на Реал, меѓу кои блеска само Карим Бензема. Французинот постигна 21 гол оваа сезона, но втор стрелец во клубот е играчот за врска Казимиру со само 6 погодоци.

Ако не останат Рамос и Модриќ, неговото враќање го губи своето значење, но заедно не може да траат долго. Договорите на Модриќ и Рамос истекуваат и додека Хрватот не крие дека би сакал да остане, капитенот на Реал цврсто преговара и многу е неизвесно дали тој и клубот на крајот ќе се договорат за продолжување на соработката. Без нив двајца, тешко е да се очекува дека и Зинедин Зидан ќе остане на клупата. Реал не сака да им дава повеќегодишни договори на ветераните, па затоа инвестирање во трио старо во просек повеќе од 35 години би било нетипично за клупската политика. Колку тие тројца би можеле да издржат заедно?

Реал веќе некое време се обидува да го подмлади тимот, а враќањето на Роналдо и задржувањето на сите сениори во клубот би го забавиле тој пат. Дури и ако Флорентино Перес на чудесен начин се реши да ја обедини старата гарда, таа тешко дека ќе остане заедно повеќе од една сезона, а Роналдо никогаш не покажа интерес да ги помине последните години од својата кариера како ментор на „клинци“, туку да продолжи да лови трофеи и рекорди.

Португалската машина го има истиот учинок ако и пред три години

Португалската машина и оваа сезона докажува дека е светска класа и неверојатно е дека има скоро ист учинок како и во последната сезона помината во Реал. За Јувентус, тој постигна 23 гола на 23 натпревари во лигата оваа сезона, забележувајќи 3,7 удари по натпревар, 24,8 асистенции, 1,6 успешни дриблинзи, 3,8 дуели и 48,7 контакти со топка.

Во Ла Лига во сезоната 2017/18. тој постигна 26 гола на 27 настапи, во просек од 5,2 удари по натпревар, 22,1 асистенција, 1,1 успешен дриблинг, 3,3 дуели и 43,5 контакти.

Дури и неговата мапа на движење сезонава е скоро идентична со онаа што ја имаше во последната сезона со Реал. Додуша, во Реал тој помина повеќе време во шеснаесетникот, но разликата е мала.

Сето ова сугерира дека Роналдо сепак би бил далеку најдобар стрелец на Реал и играч кој ќе му гарантира околу 30 голови по сезона, а шпанскиот гигант нема таков играч откако Португалецот го напушти клубот.

Сепак, за Реал, единствено прашање не е што Роналдо може да понуди следната сезона, туку што клубот може да изгуби со неговото доаѓање.

Во текот на изминатите години, на „Сантјаго Бернабеу“ пристигнаа неколку големи таленти, како Родригу (20) и Винисиус Жуниор (20), кои беа доведени за 90 милиони евра, и тие играат на крилните позиции кои ги покрива и Роналдо.

Покрај нив, клубот го донесе левото крило Еден Азар (30) за 115 милиони евра летото 2018 година и уште го чека да ја оправда цената, а слична е ситуацијата и со Лука Јовиќ, кој пристигна во истиот преоден рок за 63 милиони евра. Србинот е на позајмица во Ајнтрахт од Франкфурт, но неговиот договор со Реал истекува дури во јуни 2025 година.

Што ќе прави Реал со четворицата играчи кои ги плати повеќе од 250 милиони евра доколку дојде Роналдо? Статусот на сите овие играчи би се променил значително со доаѓањето на Роналдо, а во време на пандемија, Реал не може да заработи многу пари ако ги продаде. Од друга страна, ако го донесе Роналдо и ги задржи сите, тогаш ќе има голем број незадоволни играчи.

Овие играчи не се единствените со кои Реал се обиде да ја замени генерацијата што му донесе четири титули во Лигата на шампионите од 2014 до 2018 година, но овој процес е бавен бидејќи клубот очигледно не може да постигне добри резултати без Бензема (33), Модриќ (35), Крос (31) и Рамос (34).

Затоа, просечната возраст на првиот тим на Реал во триумфалното враќање на осминафиналето од Лигата на шампионите против Аталанта беше 29,3 години, што е јасен знак дека клубот се соочува со неизбежна промена на генерации. Во толку чувствителен период, голем е ризикот да се враќа Роналдо.

Конечно, Португалецот би се вратил во Реал за да најде ситуација слична на онаа во Јувентус - клубот е во транзиција кон нова ера. Капитенот Кјелини има 36 години, а заменикот Бонучи има 33 години, додека неуништивиот Буфон одамна нема 30-тина. Поголемиот дел од останатите сè уште не го достигнале зенитот во кариерата, а со ваква нерамнотежа во тимот, тешко е да се бориш за најголемите трофеи, што и го докажа оваа сезона.

Перес мора да тргне по Мбапе или Холанд, а Роналдо ризикува со враќање во Мадрид

На сите прашања што се отвораат со евентуално враќање на Роналдо, доаѓа она најголемото - кога Реал ќе ги земе Килјан Мбапе или Ерлинг Холанд ако го врати Португалецот летово?

Французинот и Норвежанецот сега се најголемите мети на најсилните европски клубови и Реал не смее да ја пропушти шансата да донесе барем еден од нив. Со враќањето на Роналдо, тие скоро сигурно би го одложиле походот по најдобрите млади играчи во светот.

За Реал е особено важно да ја испита ситуацијата во врска со Мбапе, чиј договор со ПСЖ истекува на крајот на следната сезона, но тој исто така мора да побрза со одлуката за Холанд бидејќи се чини дека Норвежанецот е сè порешителен да го напушти Дортмунд.

Новото поглавје на Роналдо и Реал сигурно би одекнало, несомнено би било полн погодок во однос на маркетингот, но ризикот е сепак многу голем. Постојат многу прашалници што клубот би требало да ги реши за да се подготви теренот за враќање на легендата, а ни Роналдо не му е сеедно дали ќе се врати, ставајќи ја на коцка сликата што ја создаде за себе додека играше во фамозниот бел дрес.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Фудбал

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе