Роналдо ја открива програмата на која ги должи неверојатното тело и форма

А.С.
/ 29.07.2021 / 09:48

На 36-годишна возраст, Кристијано Роналдо сѐ уште е во најдобра форма и на врвот на својата игра, благодарение на строгиот режим на исхрана и вежбање, како и дисциплината.

Роналдо го следи начинот на исхрана „малку, а почесто“. Тој обично го дели дневниот внес на храна на шест помали оброци што ги консумира во интервали од два до четири часа. Ова не само што го одржува правилното функционирање и метаболичката стапка, туку и го спречува телото да се чувствува слабо и гладно во текот на денот. Исто така, клучно е овој метод да го одржува нивото на маснотиите во неговото тело исклучително ниско.

Неговите соиграчи забележуваат дека избегнува газирани пијалоци, замрзната храна и црвено месо.

„На тренинзите, правиме неколку круга низ теренот, вежби за истегнување и кардио загревање за да избегнеме непотребни повреди“, објаснува Роналдо и ги охрабрува сите да воведат задолжително загревање во нивната рутина за вежбање.

 

Кога е во теретана, главниот тренинг на Роналдо е поделен помеѓу кардио вежби, како што се трчање и тренинзи со тежина.

„Освен што ќе го направите тренингот поинтересен, важно е да им се даде важност на сите делови на телото, а комбинираните вежби ја подобруваат силата и издржливоста“, советува Роналдо, кој дома често вежба заедно со свршеницата Хеорхина Родригес, која е модел.

Хидротерапија

Со терапијата со контрастна вода вода, топлата вода прво го стимулира протокот на крв низ телото до екстремитетите, а потоа ладната вода ја испраќа крвта назад во трупот, со што се регенерира телото. Покрај Роналдо, многу спортисти промовираат хидротерапија како најдобра терапија за регенерација на мускулите.

Покрај класичната хидротерапија, Роналдо поминува време во базен секој ден и има редовна рутина на пливање и вежби што се изведуваат во вода.

Закрепнување

Роналдо во секојдневната рутина вклучува до пет пократки паузи од 90 минути за да остане одморен и полн со енергија.

„Во фудбалот ги имате основите, како квалитетен тренинг и правилна исхрана и пиење, но закрепнувањето ми е најважно“, заклучува Роналдо.

реклама

Фит

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе