Роналдо предложи тројца кандидати за тренер на Ал Наср

По отказот на францускиот стратег Руди Гарсија, на клупата на саудиски Ал Наср седна поранешниот помлад тренер Динко Јеличиќ. 49-годишниот Хрват на тој начин доби можност да биде тренер на Кристијано Роналдо, но најверојатно ќе остане на позицијата само до крајот на сезоната.

Како привремено решение на клупата на првиот тим беше замислен Јеличиќ, кој претходно ги водеше Кустошија, Рудеш, Радник од Сесвет и хрватската репрезентација до 19 години. Управата на клубот е во потрага по нов тренер, а во таа одлука учествува и самиот Роналдо.

Во разговор со претседателот на клубот Мусли Ал-Моамар и неговиот советник, тој предложи клубот да им даде предност на три лица: Жозе Мурињо, Зинедин Зидан и Хорхе Жесус. Роналдо успешно соработуваше со Зидан и Мурињо во Реал Мадрид.

Со Мурињо ја прекина доминацијата на Барселона на Гвардиола во првенството, а со Зидан освои три ЛШ во низа.

Роналдо сè уште немал можност да работи со сонародникот Хорхе Жесус. Жесус моментално е во Фенербахче со кого има договор до крајот на сезоната. Претходно успешно ја тренираше Бенфика, а со бразилскиот Фламенго го освои Копа Либертадорес и шампионската титула.

Зидан е надвор од терените откако се повлече од клупата на Реал во летото 2021 година, а доведувањето на Мурињо може да биде најтешката задача за Саудијците. Португалецот лани со Рома ја освои Конференциската лига, а оваа сезона преку Серија А се бори за трофејот во Лига Европа и пласман во Лигата на шампионите.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе