Роналдо протеран од Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед соопшти дека ќе го раскине договорот со Кристијано Роналдо.

Ова е очекуван епилог од долготрајната расправија меѓу еден од најдобрите напаѓачи во историјата и еден од најтрофејните клубови во Англија и светот. Веќе се шпекулираше дека Роналдо го одигра последниот натпревар за Јунајтед.

„Кристијано Роналдо го напушта Манчестер Јунајтед со взаемна согласност и одлуката стапува на сила веднаш. Клубот сака да му се заблагодари за огромниот придонес во двете периоди на ‘Олд Трафорд’, постигнувајќи 145 гола на 346 натпревари, и му посакува добро нему и на неговото семејство во иднина. Сите во Манчестер Јунајтед остануваат фокусирани на продолжување на напредокот на тимот под водство на Ерик тен Хаг и на соработка за постигнување успех на теренот“, се вели во соопштението.

URL

Претходно беа отстранети неговите фотографии од стадионот

Клубот ангажираше работници минатата недела да ги отстранат огромните плакати на Кристијано Роналдо од предниот дел на „Олд Трафорд“, откако Португалецот се нафрли на клубот во кој се врати минатата година во интервју за Пирс Морган.

„Манчестер Јунајтед ме изневери, од мене направија црна овца. Немам почит кон Ерик тен Хаг бидејќи ниту тој нема почит кон мене. Луѓето мора да ја знаат вистината. Јунајтед сакаше да ме брка. Не само тренерот туку и луѓето околу клубот. Се чувствував предаден. Некои луѓе не ме сакаа во Манчестер Јунајтед, не само оваа сезона туку и минатата“, изјави Роналдо и продолжи:

„Напредок откако дојдов не постои. Откако си замина сер Алекс, клубот воопшто не еволуираше. Ништо не се промени. Навивачите треба да ја знаат вистината. Го сакам најдоброто за клубот и затоа дојдов. Но некои работи во клубот не му помагаат да дојде до нивото на кое се Сити, Ливерпул и сега Арсенал. Ваков клуб треба да биде на врвот, а во моментов не е“.

Јунајтед игра подобро без Роналдо

Едноставна статистика извлечена од британскиот Sky Sports покажува колку е полош Манчестер Јунајтед во Премиер лигата кога Роналдо игра од првата минута. Во просек Јунајтед со Роналдо добива само еден од четири натпревари и освојува еден бод. Кога Португалецот не игра од првата минута, Јунајтед добива 70 проценти од своите натпревари и во просек освојува 2,2 поени по натпревар.

Исто така, голема разлика може да се забележи во поминатите километри. Тимот на Ерик тен Хаг со Роналдо во првиот тим истрча 4,5 километри помалку отколку кога Португалецот не игра или доаѓа од клупата. Одлуката за раскин на договорот затоа веројатно ќе наиде на одобрување кај дел од навивачите.

реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Фудбал

Баерн очајнички бара тренер

Read more

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Read more

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more
 

Спорт

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе
  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе