Напаѓачот на Манчестер Јунјатед, Кристијано Роналдо, ќе се врати во тимот за дерби натпреварот во Премиер лигата против лондонски Арсенал, најави тренерот Ралф Рангник.
Португалскиот фудбалер поради семејна трагедија го пропушти дербито во вторникот против Ливерпул во кое Јунајтед претрпе убедлив пораз од 4:0.
Како што пренесува BBC, тимот на Рангник за дуелот против Арсенал ќе биде посилен и за Скот МекТоминај и Рафаел Варан, а поради повреда здобиена на натпреварот со Ливерпул, сезоната предвреме заврши за Пол Погба.