Роналдо сподели анегдота за Марадона и неговите два рачни часовника

Поранешниот бразилски фудбалер Роналдо Луис Назарио Де Лима изрази тага и жалење за смртта на Диего Марадона, истакнувајќи дека Аргентинецот оставил неизбришлива трага во светскиот фудбал, но и во неговиот живот.

Бразилецот раскажа и една од многуте анегдоти од времето поминато со Марадона.

На прес-конференцијата, Роналдо како сегашен претседател на Ваљадолид, ја анализираше моменталната состојба во клубот и издвои време да му оддаде почит на Марадона, со кого беше голем пријател.

„Диего беше спектакуларен, среќен, весел и ни остави големо наследство во фудбалот. Сите бевме заљубени во него и загубата е тажна. Многу е тешко. Беше многу тажно да се слушне таа вест. Ме изненади. Тој ги смени животите на многу луѓе, беше инспирација и за мене и ние бевме многу блиски во последните 10-15 години“, рече Роналдо кој потоа раскажа една трогателна анегдота што ја одразува великодушноста и хуманоста на Марадона.

„Откако пристигна во Мадрид да ме посети и да гледа натпревар, влезе со два рачни часовника на себе. За време на вечерата ми објасни дека ќерка му му ги подарила двата и оттогаш ги нема извадено. На крајот вечерата ми подари еден од рачните часовници. Не сакав да го прифатам, не можев, но се налути што не прифаќав. На крајот морав да го земам и секогаш ќе го чувам како сувенир. Како потсетување за неговата великодушност и љубезност“, изјави легендарниот Бразилец.

URL

Диего Марадона почина од срцев удар минатата среда на 60-годишна возраст, а ФИФА испрати писмо до сите национални фудбалски сојузи да оддадат почит на легендата на светскиот фудбал со едноминутно молчење во првенствените натпреварувања.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Живот

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Read more

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе