Роналдо: Уште долго ќе играм за Португалија, очекувајте уште многу голови

Најдобриот португалски фудбалер на сите времиња, Кристијано Роналдо, е убеден дека и покрај тоа што има 38 години и игра во Саудиска Арабија, уште долго ќе го носи дресот со националните бои.

Искусниот играч на Ал Наср беше дел од репрезентацијата на ЕУРО 2024 квалификацискиот натпревар против Босна и Херцеговина (3:0), а би требало и вечерва да игра против Исланд.

„Тоа што играм во Саудиска Арабија не влијае на мојотс статус во националниот тим. Всушност, гледате дека сум тука и дека играм. Луѓето не знаат колку лигата во оваа земја (Саудиска Арабија) е квалитетна, тоа го покажува и фактот што голем број играчи од европските клубови тргнаа по моите стапки и доаѓаат во Арабија, а верувам дека наскоро ќе ги има и повеќе“, рече Роналдо.

Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус не успеа да постигне гол на дуелот со Босна и Херцеговина, но тоа не го загрижува и смета дека работите многу брзо ќе се променат.

„Верувам дека уште долго ќе игра за репрезентацијата. Се чувствувам способен за тоа, мислам дека можам да му помогнам на тимот, а тоа можете да го прашате и селекторот кој има доверба во мене. Јас ќе се трудам на тоа да му вратам со нови голови во националниот дрес. Убеден сум дека ќе ги има уште многу“, рече Роналдо.

Роналдо за Португалија игра веќе 20 години. Од своето деби во август 2003 година до сега одигра 199 натпревари и постигна 122 гола. Вечерва ќе постави голем јубилеј - 200 натпревари во дресот со националните бои.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе