Кристијано Роналдо (38) е на одмор, но не заборава на тренинзите.
Португалецот на Instagram објави видео во кое неговите 595 милиони следбеници видоа дел од неговиот тренинг, но во еден момент сè тргна во неочекуван правец.
По серијата вежби со тегови, Кристијано Роналдо приреди танцувачки момент кој стана хит на социјалните мрежи.
За помалку од 24 часа, видеото на Кристијано Роналдо собра повеќе од 10 милиони лајкови и повеќе од 120.000 коментари.
Во првиот дел од одморот Роналдо на јахта ужива на Средоземното Море со Георгина Родригес и децата, а новата сезона во првенството на Саудиска Арабија започнува на 11 август.