Ровери на Марс: Некој работи, некој праќа селфиња

Роверот Perseverance на НАСА можеби уште се снаоѓа во новиот дом – кратерот Језеро - но во меѓувреме, роверот Curiosity „растури“ од правење селфиња со фасцинантниот пејзаж на Марс.

Ровер Perseverance

Од 2014 година, Curiosity полека, но сигурно се искачува по планината Шарп висока речиси 5 километри, која се наоѓа во средината на кратерот Гејл. НАСА завчера ги објави новите фотографии од Марс кои биле снимени во март.

На 16 и 26 март, Curiosity сними 60 слики со помош на Mars Hand Lens Imager поставен на неговата роботска рака и 11 со камерата Mastcam што му стои „на глава“. Во фотографиите ја опфати фасцинантната карпеста формација наречена Монт Мерку, по планина во југоисточна Франција.

Ровер Curiosity

На селфињата, како и придружните величествени панорами направени на 4 март, Монт Мерку може да се види лево од роверот. Формацијата е висока околу шест метри.

„Ех, да бевте тука!“, гласи коментарот за селфито што го објави НАСА на Twitter во име на роверот.

URL

До доаѓањето на Perseverance пред повеќе од еден месец, Curiosity беше единствениот ровер што е активен на Црвената планета. Двата ровера се оддалечени околу 3.700 километри.

Perseverance сега е зафатен со подготовки за летот на хеликоптерот Ingenuity. Летот што треба да биде изведен овојмесец ќе биде првиот лет на друга планета. После тоа, хеликоптерот ќе ја почне мисијата за барање древни форми на живот на Марс.

Роверот Perseverance бара знаци на живот и можно постоење на микроби на Марс – сега или во минатото. Натаму, ќе има и проучување на климата и геологијата, односно ќе се собираат примероци од карпите и од почвите.

Досега само Американците успеаја да спроведат подолги мисии со ровер на Марс, наречени „Pathfinder“, „Spirit“, „Opportunity“ и „Curiosity“ – кој е единствен кој е уште во функција.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе