Роверот на Марс пронајде чуден предмет

Роверите кои ја истражуваат површината на Марс во последно време пронајдоа интересни и чудни формации. Иако не станува збор за предмети останати од древни вонземски цивилизации, туку за природни феномени или наши „отпечатоци“, сепак тоа не значи дека овие откритија не се интересни.

Се чини дека Црвената планета и понатаму крие многу тајни, па прашање е на што сè ќе наидат вселенските агенции во текот на истражувањата.

Роверот Perseverance на НАСА пронајде чуден заплеткан предмет на Марс кој изгледа како замрсен рибарски конец. И покрај тоа што многумина се понадеваа дека можеби станува збор за нешто што потекнува од вонземска цивилизација или мистериозен природен феномен, најверојатното објаснување за оваа глетка сме ние самите.

Експертите сметаат дека се работи за мало парче смет, односно остаток од падобран или некој друг механизам со чија помош роверот се спушти на површината на Марс во 2021 година.

Веројатно ветерот ја оддувал оваа заплеткана жица понатаму по површината, близу роверот. По само неколку дена, истиот објект не е регистриран во близина на роверот, пишува Universe Today.

Можеби ќе се запрашате зошто воопшто некој пишува за човечко ѓубре на Марс, односно зошто би станувало збор за некое интересно откритие. Многу е интересно да се види како освен на Земјата, луѓето почнаа да оставаат „траги“ и на другите планети.

Експертот за обработка на фотографии Стујарт Аткинсон смета дека таквите работи не треба да не загрижуваат.

URL

„За стотина година Марсовците ќе ги собираат сите тие работи и можеби ќе ги изложат во музеј или од нив ќе прават „историски накит“, како што тоа го правиме на Земјата со фосилите и метеоритите“, напиша Аткисон на Twitter.

URL

Заплетканата жица не е единственото откритие на Марс во последните неколку месеци. Роверот Curiosity сними чудни формации при што едната личеше на врата.

Беа забележани и потреси на Марс, но и други интересни феномени кои предизвикаа интерес во јавноста.

Тагови
реклама

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Вести

Неандерталците користеле заби од носорог како чекани за да изработуваат камени алатки

Read more

Бришете ги веднаш: Android апликации кои „вријат“ од вируси

Read more

Тинејџерка измислила филтер кој отстранува 96% од микропластиката од водата за пиење

Read more

Дали Google тајно ви има инсталирано фајл од 4GB на вашиот компјутер?

Read more
 

Гик

Неандерталците користеле заби од носорог како чекани за да изработуваат камени алатки

Читај повеќе

Бришете ги веднаш: Android апликации кои „вријат“ од вируси

Читај повеќе

Тинејџерка измислила филтер кој отстранува 96% од микропластиката од водата за пиење

Читај повеќе

Дали Google тајно ви има инсталирано фајл од 4GB на вашиот компјутер?

Читај повеќе

Кинезите направија роботски мајстор кој ќе користи алати на Месечината

Читај повеќе

Apple се свртува кон Samsung?

Читај повеќе

Војна на ѕвездите 2026: Што значат руските сателити над нашите глави?

Читај повеќе

Вештачката интелигенција почна да го копира својот код без човечка дозвола

Читај повеќе

Енергетската криза ја зголеми продажбата на топлински пумпи: Зошто се добри и каде можат да се користат?

Читај повеќе