Во натпреварот за трофејот на тенискиот Мастерс во Синсинати, САД, ќе се соочат Александер Зверев од Германија и Андреј Рубљов од Русија.
Ова е епилогот по двете полуфиналиња во кои третиот носител Зверев, ноќеска беше поуспешен од вториот носител Стефанос Циципас со 2:1, додека Рубљов (кој е четврти носител) го победи сонародникот и прв фаворит на турнирот, Даниил Медведев, исто така со 2:1.
Финалето е закажано за вечерва со почеток во 22 часот и 30 минути. Директен пренос ќе оди на SportKlub1.
Наградниот фонд на Мастерсот од серијата 1000 изнесува 4,8 милиони долари.