Русија ги извести САД дека ќе изведе нуклеарни вежби

Б.С.Б.
/ 26.10.2022 / 08:46

Русија ги информира САД дека почнуваат со годишните нуклеарни вежби и дека од утре во тоа се вклучува лансирање на нуклеарни проектили, соопшти американската влада.

САД соопштија дека очекуваат Русија да изврши пробни лансирања на проектили во текот на годишните вежби на стратешки нуклеарните сили „Гром“, напомнувајќи дека во минатото се служела со интерконтинентални балистички ракети.

Според новиот СТАРТ договор, Русија е должна однапред да извести за таквите лансирања на проектили.

„САД се известени и како што претходно истакнавме, ова е рутинска годишна вежба на Русија“, објави генерал Патрик Рајдер, портпарол на Военото воздухопловство, на брифинг со новинарите.

Русија претходно пред Советот за безбедност на ОН изнесе обвинувања дека Украина се подготвува да употреби „валкана бомба“ на сопствена територија, но западните и украинските политичари и функционери одлучно го отфрлија тврдењето како дезинформација и изговор за ескалација на војна.

Претходно, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека сојузниците на НАТО го отфрлаат обвинувањето дека Украина се подготвува да употреби „валкана бомба“ на своја територија за да ја обвини Русија за настанатата радиоактивна контаминација.

Што е валкана бомба и зошто Русија тврди дека Украина може да ја употреби?

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Свет

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Read more

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Read more

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Read more

Лавров: Ќе се бориме против исламофобијата и русофобијата во светот

Read more
 

Вести

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Читај повеќе

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Читај повеќе

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Читај повеќе

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Читај повеќе

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Читај повеќе

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Читај повеќе