Русија го направи првиот чекор кон национализација на имотот на странските компании

Руската владејачка партија Единствена Русија денеска соопшти дека владиниот комитет го одобрил првиот чекор кон национализација на имотот на странските компании кои ја напуштија земјата по воведувањето санкции поради инвазијата врз Украина.

Партијата соопшти дека Комитетот поддржал закон кој им дозволува на компаниите кои се 25 отсто или повеќе во сопственост на странци од „непријателски земји“ да добијат надворешно управување.

– Ова ќе спречи стечај и ќе спаси работни места, се вели во соопштението.

Странските корпорации донесоа различни одлуки за нивното работење во Русија по нападот врз Украина. Компаниите како американски Ford привремено ги затворија фабриките, но некои како британската енергетска компанија BP ветија дека целосно ќе ја напуштат земјата.

Единствена Русија тврди дека во предлог-законот се наведува дека компаниите кои најавиле заминување од Русија може да одбијат надворешно управување доколку продолжат со своите активности или ги продадат своите акции во рок од пет дена, под услов да се одржат деловните активности и вработените.

Доколку не го сторат тоа, судот ќе назначи привремена управа на три месеци, по што уделите на новата организација ќе бидат ставени на аукција, а старата ќе биде ликвидирана.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе