Русија од Кина побара воена помош, САД ги предупредиja на последиците

Б.С.Б.
/ 14.03.2022 / 09:26

Неименувани американски функционери за повеќе медиуми изјавија дека Русија побарала воена помош од Кина. Како одговор на тоа, САД порачаа дека Пекинг ќе се соочи со последици ако го стори тоа. Но, од Кина им возвратија дека и „и тие долеваат масло на огнот“.

Новинарот и поранешен уредник на кинескиот државен весник Global Times, Ху Сиџин смета дека Кина и САД мораат да постигнат договор со кој би ги повикале сите земји да престанат со насочување воена помош за Украина бидејќи „тоа претставува само дополнително создавање на конфликт“.

Неговата објава на Twitter следеше само неколку часа откако САД го предупредија Пекинг дека „апсолутно ќе се соочи со последиците“ ако помогнe Москва да ги избегне сеопфатните санкции поради војната во Украина.

URL

Од почетокот на кризата, Пекинг изрази силна реторичка поддршка на Русија, но не е познато дали воено им помогнале. Кина јавно ги осуди Велика Британија, САД и другите земји за наоружување на украинската војска, велејќи дека со тоа додаваат „масло на огнот“.

Колку што е засега јавно познато, Кина нема пружено никаква конкретна помош на Русија.

Во интервју за CNN, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливен изјави дека тие директно комуницираат со Пекинг порачувајќи дека ќе има последици во вид на економски санкции ако ја поддржат Русија, пишува BBC.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе