Русија соопшти дека нејзините сили вежбаат симулирани нуклеарни ракетни напади во западната енклава Калининград, меѓу Полска и Литванија покрај брегот на Балтикот.
Русија во средата вежбаше „симулирани електронски лансирања“ на мобилни балистички ракетни системи Искандер со нуклеарна способност, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Руските сили вежбале единечни и повеќекратни напади врз цели, имитирајќи ракетни фрлачи, аеродроми, заштитена инфраструктура, воена опрема и командни пунктови на симулиран непријател, пренесе AFP.
„По извршувањето на „електронските лансирања“, воениот персонал извршил маневар за промена на позициите за да се избегне можен контранапад“, додадаваат Министерството за одбрана.
„Борбените единици вежбаа и операции во услови на радијација и хемиска контаминација“, стои во соопштението.
Во вежбите учествувале повеќе од 100 војници.