Русин создаде вистински светлосен меч инспириран од „Star Wars“

Русинот Алекс Буркан го создаде првиот функционален светлосен меч кој може да пресече и челик. Неговиот изум влезе во Гинисовата книга на светски рекорди, а е инспириран од оружјето на џедај витезите од популарните „Star Wars“ филмови.

Буркан е човекот кој стои зад првата светлосна сабја во светот чија острица може да се вовлекува. За себе вели дека е голем обожавател на „Star Wars“ и дека мечот од филмот е негов „најмил гаџет“.

Мечот е патентиран, а произведува плазма острица долга повеќе од еден метар и достига температура која надминува 2.800 степени Целзиусови. Многу лесно може да пресече челик, пишува CNN.

Во 2013 година Буркан проучувал опрема за производство на гас водород што му ја дало идејата за светлосен меч. Минал години собирајќи идеи заедно со резервни делови од интернет и од депонии. Клуч за светлосниот меч е електролизаторот, кој ја дели водата на гасови на водород и кислород, процес кој успеал да го прилагоди по многу рунди тестирање за да оформи облик и должина потребни за неговата светлосна сабја,

„Конечно, најголем предизвик беше да се стисне целиот систем за дистрибуција на гас во дршката на светлосниот меч“, вели Буркан.

Кога успеал во тоа, оружјето од популарниот филм станало реалност. Засега работи само 30 секунди при полна сила, но Буркан се надева дека ќе продолжи со надградба и замена на резервоарот.

„Мислам дека науката ќе помогне и конечно ќе може да се приближиме на светлосен меч од филмската верзија“, вели Буркан.

Remote video URL
реклама
tigar.jpg

За прв пат во 100 години порасна бројот на тигри во природата

Read more
Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Read more
Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Read more
Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Read more

Чек дис аут

Како Нови Сад го добил името?

Read more

Нова ера на плаќање во црквите: Верниците сега можат да донираат со картички и телефони

Read more

Кинезите направија скара на вселенската станица, астронаутите конечно јадеа свежа храна

Read more

Порака од Првата светска војна пронајдена на австралиска плажа

Read more
 

Магазин

Како да препознаете хроничен стрес: 6 симптоми на кои треба да обрнете внимание

Читај повеќе

Кралици на издржливоста: Растенија што успеваат дури и ако ги заборавите

Читај повеќе
  • play_arrow

Торта Југославија – слатко потсетување на едни добри времиња

Читај повеќе

Почнува ретрограден Меркур: Што ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Три симптоми кои укажуваат на можни проблеми со црниот дроб

Читај повеќе

Популарен суплемент покажува загрижувачка врска со срцева слабост

Читај повеќе

Што да пиете наутро за регулирање на варењето и зајакнување на имунитетот?

Читај повеќе

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Читај повеќе
  • play_arrow

Монголка ја претставува Србија на Мис Универзум, Србите тврдат дека не ја избрале

Читај повеќе