Русите не се откажуваат: Подготвуваат два нови модели на Lada

Управниот одбор на AvtoVAZ донесе одлука да воведе нови модели на автомобили Lada во производство.

Рускиот автомобилски концерн планира да лансира кросовер на платформата на моделот Lada Vesta, како и посебна категорија автомобили од Б сегментот на глобалната механичка платформа. Ова го изјави Денис Мантуров, министер за индустрија и трговија, кој е и претседател на Управниот одбор на AvtoVAZ.

Покрај тоа, производителот има намера на основните верзии на Lada да ги врати вообичаените опции, како што се воздушни перничиња и клима уред, , пишува Russia Beyond.

„Бордот на директори едногласно го одобри лансирањето на два нови проекти од моделот Lada кои треба да се појават на фабричките ленти за склопување во 2024-2025 година“, рече Мантуров.

Министерството за индустрија и трговија соопшти дека и да не се укинат санкциите, нема да има проблем со деловите и дека AvtoVAZ планира да пушти на пазарот вкупно 140.000 автомобили во втората половина на 2022 година. Следната година нивниот број ќе се зголеми на 500.000.

Според Мантуров, компанијата почнала да ги враќа вообичаените опции на основните верзии на моделот. Така, Lada Granta повторно добива воздушни перничиња, „клима“ и мултимедијален систем.

AvtoVAZ е свесен за одговорноста што ја има кога станува збор за потребата да и се обезбеди на Русија модерни автомобили по прифатлива цена и затоа компанијата вложува максимални напори за зголемување на производството и понатамошен развој на брендот, додаде тој.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Авто новости

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Read more

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Read more

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Read more
 

Автомобили

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе
  • filter

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Читај повеќе
  • filter

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да заштедите гориво со EPS уред?

Читај повеќе
  • play_arrow

Xiaomi SU7 се расипа по само 39 извозени километри

Читај повеќе

ЕУ има нов план за камионите: Ова е најамбициозниот проект во светот

Читај повеќе
  • filter

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Читај повеќе

Seat сепак нема да згасне: Кој е новиот план?

Читај повеќе