Руски државен авион преку Бугарија слета во Белград

Рускиот авион Ильюшин-96-300, на специјален лет од Сочи, изутринава полета за Белград преку Бугарија, иако таа земја официјално го затвори својот воздушен простор за руските авиони уште во февруари, јави N1.

Според податоците објавени на веб-страницата flightradar24, авионот полетал од Сочи околу 8 часот наутро, а слетал на белградскиот аеродром околу 9:30 часот. Во делот „авиокомпанија“ на оваа специјализирана страница што ги следи летовите низ светот стои Rossiya – Special Flight Squadron, што е ознака за руските државни авиони.

Нема информации за овој лет на веб-страницата на аеродромот „Никола Тесла“ каде слета рускиот авион. Од друга страна, љубителите на авијацијата на Instagram објавија фотографии од овој авион на пистата на белградскиот аеродром, истакнува N1.

Според податоците достапни на интернет, вакви летови веќе се реализирани од почетокот на војната во Украина за да се вратат руските дипломати во Русија, кои беа прогласени за персона нон грата во земјите каде биле на служба.

Веб-страницата flightradar24 покажува дека истиот авион летал од Москва до Копенхаген во Данска на 17 април, но потоа избегнал да лета над земји кои забраниле летови со руски авиони.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Регион

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Read more

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Read more

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе