Руски хокеар уапсен во Полска под обвинение за шпионажа

Полска уапси руски хокеар, кој игра за полски второлигаш, под обвинение за шпионажа, соопштија денеска обвинителите, со што тој стана 14-то лице уапсено во шпионски синџир.

Хокеарот ќе биде задржан во истражен притвор и може да се соочи со казна затвор до 10 години.

„Руските шпиони паѓаат еден по еден!“, напиша на Twitter полскиот министер за правда, Збигњев Зиобро.

URL

Хокеарот е приведен во јужниот полски регион Шлонск, се вели во соопштението на обвинителот.

Хокеарот и неговиот тим не се јавно идентификувани, објави Reuters.

Како што напиша министерот Зиобро, играчот-шпион играл во клуб од 1 лига, што е втора по ранг лига во полскиот хокеј. Првата лига им се вика ПХЛ (Полска хокеј лига).

Обвинителот рече дека рускиот хокеар пристигнал во Полска во октомври 2021 година, а според Обвинителството, идентификувал критична инфраструктура за која бил платен од руска страна.

Полска во март објави дека разбила руска шпионска мрежа и приведе 9 лица, кои наводно подготвувале акти на саботажа.

реклама

Останати спортови

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе