Руски научник тврди: Омикрон може да стави крај на пандемијата

Новиот мутиран сој на COVID-19 создаде дополнителен страв поради одбивањето вакцинација, откажа летови, затвори земји, а ја испрати берзата во драстичен пад. Руски виролог тврди дека оваа мутација може всушност да помогне да се стави крај на пандемијата.

Во интервју објавено во понеделникот во московскиот мазагин КП, вирологот Анатолиј Алтштеин од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија - Гамалеја, кој ја разви вакцината Спутник V, вели дека сѐ уште не е јасно колку смртоносна и заразна е новата варијанта именувана како Омикрон. Според него, дури и да се шири побрзо од нејзиниот претходник, позната како Делта, ќе поминат месеци додека Омикрон стане доминантен сој. Дури и да стане доминантен сој, непознато е дало тоа би значело дека Омикрон ќе ја зголеми смртноста.

„Во моментов постојат причини кои нѐ тераат да веруваме дека Омикрон сојот може да биде помалку патоген“, вели вирологот мислејќи на тоа дека овој сој може да предизвикува помалку штетна инфекција.

„Веќе видовме дека Омикрон има многу мутации, повеќе од Делта. Над 30 илјади во еден ген од својот спајк протеин. Ова е премногу, што значи дека вирусот има нестабилен геном. По правило, ваквиот вид на инфекциски агент станува помалку опасен бидејќи според еволуцијата, преголемиот број на мутации води кон слабеење на способноста на вирусот да причинува болест“, Алтштеин ја објаснува науката зад оваа хипотеза.

Доколку ова виролошко правило се покаже како точно, тогаш Омикрон би се покажал смртоносен само кај мал број на случаи, а потоа би станал како и секоја друга сезонска инфекција.

Алтштеин сепак потенцира дека сѐ уште многу малку знаеме за оваа нова варијанта, откриена неодамна од јужноафрикански научници, и дека најдобро ќе биде да бидеме внимателни додека убаво не се проучи.

„Не треба да нѐ плаши тоа што Омикрон брзо се шири, туку тоа што би можела да биде најпатогената варијанта, што би ја направила инфекцијата полоша“, додава тој.

Некои земји, како Јапонија и Израел, воведоа забрани за патувања за сите странски посетители токму поради Омикрон. Русија и без Омикрон има проблем со голем број на заразени, а причина е слабиот процент на вакцинирани, па оттаму размислува за построги рестрикциски мерки.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе