Алексеј Навални, долгогодишниот критичар на Кремљ, е прогласен виновен за измама и проневера, пренесоа руските медиуми.
Тој сега се соочува со казна до 13 години затвор. Навални и неговите поддржувачи ги осудија обвинувањата како политички мотивирани.
„Навални извршил измама и присвоил туѓ имот со измама и повреда на довербата“, изјави судијката Маргарита Котова на судењето одржано во казнената колонија на Навални, во близина на Москва.
Судот го прогласи Навални за виновен по сите четири точки од обвинението против него, „за измама од особено големи размери“.
Опозицискиот лидер отслужува казна од две и пол години во поправна колонија. Обвинителите побараа максимална казна од 13 години, пренесе Reuters.