Руските воени мини вo Црно Море се приближуваат кон брегот на Бугарија

Морските мини, поставени од руската војска на брегот на украинскиот приморски град Одеса, во водите на Црно Море невремето ги однело и сега слободно пловат, соопшти поморската администрација во бугарскиот град Бургас.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во водите на Варна и Бургас постои потенцијална опасност за бродовите и рибарските чамци.

Бугарските власти постојано ги надгледуваат морските граници на земјата, како и курсовите на пловење на сите пловни објекти во територијалните води Црното Море.

Според поморската администрација во Бургас, мините можат да стигнат до бугарските води за 10 дена, а доколку тоа се случи, тие ќе бидат доста далеку од брегот, но сѐ уште има услови за опасност.

Гувернерот на регионот на Бургас денеска ќе се сретне со институциите за да процени како да се заштитат поморските граници на Бугарија. Подготвени се и бугарските поморски сили, но во моментов нема директна опасност за луѓето.

Бугарските власти сѐ уште немаат целосни информации за бројот и видот на мините, но, сепак, поради нивниот однос со рибарскиот сектор вчера биле цел ден во комуникација со двете големи здруженија за тие да ги предупредат своите бродови на внимателност.

– Од друга страна, има постојан контакт со Центарот за мониторинг на рибарството во Бугарија и известуваат дека времето е лошо поради невремето, објасни Христо Панајотов, извршен директор на Бугарската агенција за рибарство и аквакултура и додаде дека од тие причини во тој регион засега нема рибарски бродови и чамци.

Поморските власти во Бургас и Варна вчера веќе упатија повик доколку видат веднаш да ги пријават сите големи тркалезни метални предмети до поморската администрација.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе