САД го призна суверенитетот на Мароко над Западна Сахара

МИА / КАЈГАНА
/ 11.12.2020 / 09:34

„Мароко ги призна САД во 1777 година. Соодветно е да го признаеме суверенитет на оваа земја над Западна Сахара“, напиша на Twitter американскиот претседател Доналд Трамп.

URL

Објавата следеше по склучувањето на договорот за нормализирање на односите меѓу Израел и Мароко со посредство на САД, во чии рамки Трамп го призна суверенитетот на Мароко над Западна Сахара.

„Денеска потпишав проглас за признавање на суверенитетот на Мароко над Западна Сахара“, потврди Трамп на Twitter.

„Сериозен, кредибилен и реален предлог за автономија на Мароко (врз територијата) е единствената основа за праведно и долготрајно решение за траен мир и просперитет“, додаде тој.

URL

Тој склучувањето на договорот за нормализирање на односите меѓу Мароко и Израел го оцени како историски чекор напред за постигнување мир на Блискиот Исток.

Договорот предвидува воспоставување дипломатски и официјални контакти меѓу Мароко и Израел, летови низ воздушниот простор на овие земји, како и директни летови.

Како дел од договорот, американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да го признае суверенитетот на Мароко над Западна Сахара.

Мароко во Западна Сахара со децении се бори со движењето Фронт Полисарио, поддржано од Алжир, кое се обидува да воспостави независна држава на таа територија.

Западна Сахара има прпгласено независност уште од 1975 година до кога била шпанска колонија, но до денес само 45 земји ја имаат признато. Мароко, пак, има добиено формална поддршка од 25 држави, повеќето од Арапската лига. Но, сега тоа се менува бидејчи голем играч како САД влезе во игра.

Инаку, Западна Сахара е пустинска земја и важи за една од најслабо населените територии во светот со 567 илјади жители на 266.000 км².

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе