САД официјално влегоа во рецесија

CNBC, повикувајќи се на извештај од Националното биро за економски истражувања, соопшти дека САД влегоа во рецесија.

Се додава дека ова е најголемата рецесија уште од Големата депресија 1929-1933 година.

Бирото не гo користи општо прифатеното мерило за техничка рецесија, кое се детектира со пад на БДП во текот на две тримесечја по ред, туку се потпира на анализа на таквите индикатори како обем на производството и ниво на невработеноста.

Според аналитичарите, економијата на САД влезе во рецесија во февруари, кога е забележана намалена економска активност поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус. Дотогаш, американската економија растеше во текот на 11 години.

Од банката Goldman Sachs прогнозираат дека и покрај големината на проблемот, рецесијата нема да биде долготрајна. Мнозинство од експертите укажуваат на запирање на економскиот пад до крајот на второто тримесечје.

Според Јан Хациус, главен економист во Goldman Sachs, ова е сигурно најдлабоката рецесија од војната, но дека секако дека ќе биде најкратката.

Во првото тримесечје, БДП на САД се намали за 4.8 проценти. 

Тагови
реклама

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе