Саманта се врати во And Just Like That: Дали со себе ја донесе славата на Sex and the City?

После сто епизоди и два филма, HBO го оживеа еден од најпопуларните проекти и отвори ново поглавје во животот на четирите пријателки од Њујорк.

And Just Like That 2 пристигнува на 25-годишнината од премиерата на Сексот и градот, серија за четири самосвесни жени кои остануваат поврзани и покрај нивните разлики.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Текстот може да содржи спојлери!

Со Кери, Миранда, Саманта и Шарлот, се случи телевизиска револуција. Пристигна новиот милениум, а со него и портретирањето на амбивалентни ликови, чии маани ги сакавме (сетете се на депресивниот мафијаш и женкар Тони Сопрано).

Во серијата базирана на книгата на писателката Кендис Бушнел, жените одеднаш имаа право да прават грешки, љубовни и деловни неуспеси, како и право да ги ценат чевлите повеќе од мајчинството, бидејќи сè што сакаат е да се забавуваат засекогаш во „Градот кој никогаш не спие“.

Во And Just Like That… сè е горе-долу исто. Видлива е промоцијата на расната различност и ЛГТБКИ луѓето. Заплетот е посветен на ситни заплети и се вози на слаба карактеризација и развој на карактерот. Миранда оди да живее во Лос Анџелес со нејзината нова партнерка Че, додека Кери се враќа во својот мал стан со голем плакар.

Од минатата година сексот исчезна од насловите и приказните, а исто така и Саманта. Трејлерот за втората сезона на And Just Like That... се фокусираше на враќањето на Ким Катрал во улогата на нескротливата Саманта Џонс. Продуцентите дебело платија таа да се појави во една сцена и барем за момент да ги задоволи фановите.

Девојките, сега во нивните 60-ти, повторно се облечени во дизајнерски парчиња, Сара Џесика Паркер сè уште шармантно го носи секое парче облека, бидејќи тоа е секако најагресивниот пласман на модни производи досега.

Новите епизоди се достапни од вчера, па ќе треба сами да видите како Саманта се врати во серијата. Продуцентите не дозволија увид во таа сцена ниту на неколку критичари на кои им беше прикажана втората сезона заради пишување критики.

Sex and the City е една од најгледаните серии на планетата, која наметна трендови во популарната култура. Сетете се само на поплавата од бесмислени колумни чии автори ја исмејуваа Кери, а потоа и сите оние мрзливи девојки кои со помош на двајца гаранти мораа да набават чевли на Маноло Бланик. Во спин-оф серијата, капиталистичкото дивеење е уште поперфидно, бидејќи продолжението цеди пари од нашата носталгија за она што некогаш беше навистина добра телевизиска содржина.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе