Само што дојде во Јуве, Погба го чека пауза поради повреда

Пол Погба ја продолжи агонијата на повреди од Манчестер Јунајтед, кратко по пристигнувањето во клубот од Торино.

Од Јувентус излегоа со соопштение со кое ја потврдуваат повредата и неколкунеделното отсуство на Погба од зелениот терен. Францускиот играч заработил лезија на латералниот менискус во коленото на десната нога, по што ќе замине на специјалист за да се процени дали ќе мора да оди на операција или ќе помине без нож.

Доколку станува збор за полесна лезија, ќе може да ја среди со конзервативно лекување и ќе биде во аут две до три недели. Но, доколку е потребна хируршка интервенција, тоа ќе значи многу подолго отсуство - два до три месеца.

За навивачите на Јувентус повредата на Погба во претсезонските подготовки е голем удар, но за оние на Манчестер Јунајтед не е никакво изненадување. Имено, Погба минатата сезона во дресот на „Црвените ѓаволи“ настапи на само 27 натпревари во сите натпреварувања и тоа поради најразлични повреди: од мускулни проблеми на бутот, тетивата и потколеницата, до истегнување на глуждот.

Погба не отпатува со соиграчите за Далас каде Јуве вечер во 2:30 по полноќ ќе игра пријателска против Барселона. Сега работата е дали ќе биде подготвен за почетокот на сезоната во Серија А - Јуве на 15 август отвора дома против Сасуоло.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more
 

Спорт

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе