Санкционирани собраниски архивари по претставка од Левица за исчезнати амандмани

Државниот управен инспекторат, постапувајќи по претставка за вонреден инспекциски надзор поднесена од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов, утврди недоследности во работењето на собраниската архива.

Како што информираат од Левица, „станува збор за многубројните 'исчезнати' и неевидентирани амандмани кои пратениците на Левица ги поднесоа на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, уште во јули годинава“.

Инспекцијата утврдила дека вработените службеници во собраниската архива не смееле да не ги примат поднесоците само затоа што не бил користен називот „Северна“, туку било користено „Република С. Македонија“.

„Со волунтаристичкиот чин на одбивање на прием, кој го извршиле по наредба на претпоставените Талат Џафери - претседател на Собранието, и на Цветанка Иванова - генерален секретар на Собранието, тие ги прекршиле законските правила за канцелариско и архивско работење и не извршиле службено дејствие кое морале и биле должни да го извршат - прием, заведување и проследување/достава на пратеничките поднесоци“, наведува оштетената партија.

Против архиварката Виолета Ангеловска, Управниот инспекторат поднел Иницијатива за дисциплинска одговорност за сторена дисциплинска неуредност („неизвршување, несовесно, ненавремено или небрежно вршење на работните задачи“), а раководителот на Писарницата, т.е. Одделението за канцелариско и архивско работење - Иљбер Имери е писмено опоменат за преземање на мерки и дејствија за отстранување на недостатоците утврдени на записник.

„Сакаме да ја известиме јавноста дека секое идно незаконито дејствие на Службата на Собранието на РМ ќе биде навремено пријавено и санкционирано од страна на нашите двајца пратеници до соодветните инспекциски служби“, соопштува Левица.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Македонија

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Read more

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more
 

Вести

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Читај повеќе

Две девојки повредени откако со возилото излетале од патот Скопје – Тетово

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

Девојка тешко повредена откако со велосипед удрила во пешак

Читај повеќе

Лавров: Ќе се бориме против исламофобијата и русофобијата во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Пијан возач предизвика сообраќајка со 8 мртви и 40 повредени

Читај повеќе

Француските затворски чувари протестираат по убиството на двајца колеги

Читај повеќе

Зеленски го откажа патувањето во Шпанија и Португалија поради руската офанзива

Читај повеќе

Запален автомобилот на директорот на затворот Идризово

Читај повеќе