СЕРИЈА А 2021/22

Сасуоло го шокираше Јувентус среде Торино

Со гол во судиското надополнување Сасуоло му го нанесе третиот сезонски пораз на Јувентус и втор на домашен терен.

Гостите од Сасуоло го отворија резултатот на минута пред паузата кога Давиде Фратези погоди по една одлична акција во која учествуваа неколкумина гостински играчи.

Како течеше времето Јувентус се чинеше дека нема да успее да постигне гол, сѐ до 76. минута кога Американецот Вестон МекКени постигна израмнувачки погодок со глава по нафрлувањето од Пауло Дибала.

И кога сите помислија дека „Старата дама“ ќе го сврти резултатот и ќе ги освои трите бода, тоа не се случи, напротив, во судиското надополнување гостите се израдуваа на победа.

Се играше четвртата минута кога Доменико Берарди одлично го проигра Французинот Максим Лопес кој ја затресе мрежата на Матиа Перин за 1:2.

Истовремено во Џенова Аталанта славеше над Сампдорија со 3:1, додека во Удине домашниот Удинезе и Верона ги поделија бодовите играјќи 1:1.

По 10 кола Јуве останува на 15 бодови, додека Сасуоло има бод помалку.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе