Се бара нов крал за англискиот остров на пивото

Локалниот совет на островот во северозападниот дел на Англија распиша конкурс за нов крал кој треба да раководи со историскиот паб и малиот остров на кој е сместен.

Островот Пил има површина од едвај 20 хектари и се наоѓа близу брегот на грофовијата Камбрија, во Моркамбискиот Залив. На островот се наоѓа средновековен замок кој бил изграден за да се запрат нападите на Шкотите, а таму е и познатиот Шип Ин (Ship Inn), паб која има историја од 300 години.

Пабот ги нуди традиционалните пива од локалните пиварници, вина и жестоки пијалаци и е омилено место за сите кои минуваат низ овој дел на Англија. Откако повторно ги отвори своите врати по лаукдаунот поради пандемијата, моментално го води компанијата Piel Island Pub, но само привремено.

Минатата недела Советот на островот објави конкурс за нов крал на островот кој ќе раководи со Шип Ин и целиот остров во наредните 10 години.

Кралскиот престол мора да се пополни до април бидејќи туристичката сезона тогаш почнува, а ферибродовите почнуваат со пловидба помеѓу островот и копното носејќи бројни посетители жедни за локалното пиво.

„Важно е вистински луѓе да бидат назначени, луѓе со познавање на локалната традиција, чувство за островот и историјата“, вели Френк Касиди, потпретседател на Советот.

Кандидатот кој ќе ги исполни сите критериуми ќе биде крунисан за крал на Пил со традиционална и векови стара церемонија. Вообичаено, „монархот“ седнува на векови стариот престол, му се става шлем на главата, во раката меч, а кригла точено пиво му се истура на главата. Од тој момент тој е крал на Пил.

Крис Џонс, кој е глава на Советот, предупредува дека кралувањето на островот не е едноставно: „Има значајни ограничувања во живеењето и работењето на островот Пил, па луѓето мора добро да размислат пред да се пријават“. Цената која кандидатот треба да ја плати за да биде крал е нестабилното и непредвидливо локално време, изолацијата од остатокот од цивилизацијата, како и долгите работни часови.

Тагови
реклама

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе