Се надмина самиот себе: Нова трипл-дабл доминација на Јокиќ

Ништо ново нема да откриеме ако напишеме дека Никола Јокиќ е незапирлив, а својата трипл-дабл доминација ја продолжи и синоќа.

Во мечот против Шарлот Хорнетс, српскиот центар ги предводеше Денвер Нагетс до победа од 119:105, а патем постави и нов рекорд за франшизата од Колорадо.

Тој имаше трипл-дабл учинок од 30 поени, 16 скока и 10 асистенции, 20-ти пат оваа сезона.

Со тоа го надмина сопствениот рекорд од минатата сезона кога по 19-ти пат забележа трипл-дабл и ова е, според тоа, нов рекорд во историјата на Денвер Нагетс.

Интересно е што на секој од тие 20 натпревари кога Јокиќ имал ваков учинок, Денвер славел победа.

URL

Што се однесува до самата игра, Демвер почна лошо бидејќи во ростерот за оваа средба ги немаше Џамал ​​Мареј и Арон Гордон.

Лошиот старт резултираше со минус од 16 поени веќе во првата четвртина.

Сепак, во втората, предноста на домашните почна да се топи и до полувремето изнесуваше само три поени разлика.

Потоа во третата играа Јокиќ и Мајкл Портер Јуниор, а Нагетс пред последните 12 минути отидоа на двоцифрена разлика и не ја испуштија повторно.

Тимот ја прекина серијата од четири порази на гости и го задржа првото место во Западната конференција.

Покрај учинокот на Јокиќ, Колдвел-Поуп имаше 15 поени во тимот на Денвер, Браун и Портер додадоа по 14, додека Влатко Цанчар постигна 12.

Во тимот на Шарлот најистакнат беше Вашингтон со 22, а Хејворд имаше еден помалку.

Remote video URL
НБА резултати:

Бруклин - Филаделфија 98:101

Шарлот - Денвер 105:119

Орландо - Мајами 103:107

Вашингтон - Индијана 127:113

Атланта - Сан Антонио 125:106

Њујорк - Јута 126:120

Кливленд - Чикаго 97:89

Голден Стејт - ЛА Лејкерс 103:109

Сакраменто - Далас 133:128

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Кошарка

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Read more

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Read more

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Read more

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Read more
 

Спорт

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе