1.МФЛ 2021/22

Се одигра 31. коло во 1.МФЛ: Продолжува битката за излез во Европа

Филип Здравески
/ 04.05.2022 / 19:02

Попладнево се одигра 31. коло во најдобрата македонска фудбалска лига каде продолжи битката за местата кои водат во Европа.

Откако Пелистер и Борец и официјално испаднаа, а Скопје и Тиквеш останаа со нереални шанси за избегнување на баражот, единственото нешто за кое остана неизвесност во последните кола е кои две екипи ќе ги освојат второто и трето место кои водат во Европа конференциската лига на УЕФА.

Во директен дуел за излез во фудбалска Европа Академија Пандев ја совлада Шкендија во Струмица и изби на 2. место. „Лавовите“ од Ѓорче Петров длабоко во судиското надополнување успеаја да останат непоразени кај шампионот Шкупи откако реализираа удар од белата точка.

До крајот Академија Пандев игра дома со Работнички, а потоа на гости кај Шкупи. Шкендија прво го пречекува Шкупи, а потоа гостува кај Струга, додека Македонија ЃП ја пречекува Струга и гостува кај Тиквеш. „Лавовите“ имаат и еден џокер во ракавот бидејќи доколку завршат трети имаат шанса за поправен бидејќи на 20-ти ќе играат во Куп финалето против Силекс, каде победникот исто така добива место во Конференциската лига.

Работнички - Борец 2:1
45'+2 (п) Марио Станковски, 90'+5 Марјан Ристовски - 45' Крста Ѓорѓевиќ

Скопје - Пелистер 4:2
11' Бујар Хајдари, 13' Дарио Десниќ, 37' Иво Јанакиевски, 49' Антонио Божиноски - 10' Андреј Ричков, 57' Борче Маневски

Тиквеш - Ренова 0:1
34' Ремзифаик Селмани

Струга - Брегалница 1:0
90'+2 Гол Валентин Кочоски

Шкупи - Македонија ЃП 1:1
58' Кевен - 90'+7 (п) Ермедин Адем

Академија Пандев - Шкендија 4:2
2' Гол Фарук Бихорац, 23' (п), 63' (п) Томислав Илиев, 79' Пепи Ѓоргиев - 47' Јан Кривак, 83' (п) Синдрит Гури

Наредното претпоследно 32. коло е на програмата претстојниов викенд, додека сезоната ќе се затвори со последното 33. коло викендот на 14 и 15 мај.

Табела:
  1. Шкупи 72
  2. Академија Пандев 61
  3. Шкендија 59
  4. Македонија ЃП 57
  5. Струга 43
  6. Ренова 42
  7. Брегалница 42
  8. Работнички 40
  9. Скопје 32
  10. Тиквеш 31
  11. Борец 21
  12. Пелистер 11
Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Read more

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Read more
 

Спорт

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе