Се одржа драфтот во НБА: За прв пик избран чудесниот Вембањама, вториот беше изненадување

Синоќа се одигра НБА драфтот, а тимот на Сан Антонио Спарс очекувано за прв пик го избра Виктор Вембањама.

Французинот висок 225 сантиметри е убедливо најочекуваниот играч во НБА лигата, а американските медиуми пишуваат дека од Леброн Џејмс немало толкава возбуда поради доаѓањето на кошаркар во лигата.

Се наведува и дека Сан Антонио го зеде првиот пик на драфтот од 1997 година, кога го засили својот тим со Тим Данкан, со кого освоија пет шампионски титули.

URL

Вториот пик им припадна на Шарлот Хорнетс, а тие го засилија својот тим со крилото Брендон Милер, кошаркар кој настапуваше за Универзитетот во Алабама. Скут Хендерсон, за кој се сметаше дека е прв пик во повеќето драфтови, падна на третото место и беше преземен од Портланд.

URL

Близнаците Амин и Аусар Томпсон, кои играа во организацијата „Overtime Elite“, ново движење што им нуди на младите играчи шанса да стигнат до професионалците без да играат колеџ кошарка, беа избрани за четврто и петто од Хјустон и Детроит.

URL
Први 10 пикови:

Виктор Вембањама (Сан Антонио)

Брендон Милер (Шарлот)

Скут Хендерсон (Портланд)

Амин Томпсон (Хјустон)

Аусар Томпсон (Детроит)

Ентони Блек (Орландо)

Билал Кулибали (Вашингтон преку Индијана)

Џерис Вокер (Индијана преку Вашингтон)

Тејлор Хендрикс (Јута)

Кејсон Валас (Оклахома Сити преку Далас)

Тагови
реклама

Кошарка

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Read more

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе