Се сретнаа Макрон, Шолц и Туск: Ќе купиме уште оружје, Русија не смее да победи

Олаф Шолц и Емануел Макрон вчера изразија единство за помошта за Украина на самитот во Берлин со полскиот премиер Доналд Туск, по неколкунеделни тензии околу стратегијата што треба да се усвои кон Москва.

„Денес, повеќе од кога било, нашето единство е нашата сила, а пред сè нашите три земји Германија, Полска и Франција сносат посебна одговорност“, рече германскилот канцелар.

„Конкретно, ќе купиме уште повеќе оружје за Украина на целиот светски пазар“, рече тој по средбата.

Трите земји се „обединети“ и „решени никогаш да не дозволат Русија да победи и да го поддржат украинскиот народ до крај“, истакна францускиот претседател.

„Ќе продолжиме како што правевме од првиот ден, никогаш нема да преземеме иницијатива за каква било ескалација“, додаде тој како да ги уверува своите сојузници по изјавите од февруари за можно испраќање војници во Украина.

Несогласувања меѓу земјите

Оваа средба требаше да ја затвори фазата на несогласувања што следеше по конференцијата за поддршка на Украина во Париз на 26 февруари, што ја ослабна пораката за единство на Западот кон Москва.

Олаф Шолц категорично ја отфрли можноста за испраќање војници на украинска територија.

Несогласувањата дополнително се зголемија минатата недела кога Емануел Макрон во Прага рече дека Европа е во момент „во кој не би било соодветно да се биде кукавица“.

Посредувањето на Доналд Туск можеби помогна да се смират тензиите, проценува францускиот печат.

Полскиот премиер, поранешен претседател на Европскиот совет, ги отфрли „злонамерните гласини“ за несогласувања.

Тројцата лидери, кои се среќаваат во формат познат како „Вајмарски триаголник“, ќе се сретнат на самитот на ЕУ во Брисел на 21 и 22 март, а потоа и во Полска на почетокот на летото, најави Доналд Туск.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе