Се враќа претплатата Twitter Blue - повисока цена за корисниците на iOS

Компанијата го паузираше оригиналното воведување на претплатата Twitter Blue откако троловите ја злоупотребија функцијата за верификација.

По неуспешниот прв обид да се воведе верификација за платен профил, Twitter од денеска почна со воведување на обновената Blue претплата.

Twitter првично ја лансираше Blue верификацијата за уредите со iOS на почетокот на ноември за 8 долари месечно, но компанијата ја паузираше нејзината имплементација откако платформата беше преплавена со верификувани тролови. Во саботата, компанијата исто така потврди дека услугата ќе чини 11 долари месечно кога корисниците ќе се претплатат директно преку iOS.

На интернет, каде што не се применува провизијата од 30 отсто на Apple за купувања во апликација, претплатата ќе чини осум долари месечно, како што беше претходно најавено.

Дополнително, компанијата посочува дека има спроведено нови мерки за да не се повтори она што се случи минатиот месец. За почеток, корисниците кои сакаат да им се прикажува синото знакче на нивниот профил ќе треба да се регистрираат со телефонски број откако ќе се претплатат на услугата.

URL

Twitter додава дека претплатниците можат да го променат своето @име, прикажано име и фотографија на профилот откако ќе добијат потврден статус, но компанијата привремено ќе ја отстрани нивната сина ознака додека повторно го прегледува нивниот профил.

„Додадовме чекор за преглед пред да одобриме сино знакче на профилот како еден од нашите нови чекори за борба против имитирањето (што е спротивно на правилата на Twitter)“, рече менаџерот за производи на Twitter Естер Крафорд.

Twitter вели дека претплатниците на Blue подоцна ќе добијат пристап до неколку други функции, вклучувајќи ја и можноста да објавуваат подолги видеа и да добиваат помалку реклами. Во меѓувреме, другите поволности за Twitter Blue ја вклучуваат можноста за уредување твитови и ставање видеа од 1080p.

Twitter ќе започне со објавување на новите златни и сиви ознаки што ги најави Илон Маск на 25 ноември, почнувајќи со златни за бизнисите. Подоцна во текот на неделата, компанијата планира да започне со ширење на овие сиви знакчиња на владините и „мултилатералните“ профили. Знакчињата ќе ја заменат „официјалната“ ознака со која компанијата накратко експериментираше по започнувањето со проверка на платен профил.

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Интернет

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more
 

Гик

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе