НБА 2023/2024

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Шеј Гилџс-Александер се тројцата финалисти за титулата најкорисен играч (МВП) во НБА, додека Виктор Вембанјама е во игра за титулата дебитант на годината и најдобар дефанзивец.

Северноамериканската кошаркарска лига ги објави тројцата финалисти за секоја своја индивидуална награда за регуларниот дел од актуелнава сезона 2023/2024.

Српскиот центар Никола Јокиќ, МВП на регуларниот дел од сезоните 2020/2021 и 2021/2022, четврти пат по ред е финалист, откако во 2022/2023 заврши на второто место по Жоел Ембиид од Филаделфија 76ерс.

Јокиќ сезонава за Денвер Нагетс имаше просек од 26,4 поени, 12,4 скока и 9 асистенции. Бранителот на титулата заврши изедначен на врвот на Западната конференција со Оклахома Сити Тандер, предводена од Канаѓанецот Шеј Гилџс-Александер.

Оваа сезона канадскиот кошаркар просечно уфрлаше 30,1 поен по натпревар со просек од 5,5 скока, 6,2 асистенции и 2 украдени топки.

Словенецот Лука Дончиќ доминираше во лигата со просек од 33,9 поени, 9,2 скока и 9,8 асистенции во дресот на Далас Маверикс.

URL

Трета година по ред ниту еден американски играч не е меѓу тројцата финалисти за титулата МВП.

Од друга страна, двајца Американци, силното крило Чет Холмгрен (Оклахома Сити Тандер) и крилото Брендон Милер (Шарлот Хорнетс) се борат со Французинот Виктор Вембанјама (Сан Антонио Спарс) за титулата дебитант на годината (руки).

20-годишниот Вембанјама постави бројни рекорди во својата прва сезона во НБА, со просек од 21,4 поени, 10,6 скока, 3,9 асистенции, 3,6 блокади и 1,2 украдени топки.

Холмгрен (21) беше избран за втор на драфтот во 2022 година, но поради повреда на стапалото, дебитираше во НБА дури оваа сезона.

Тој имаше просек од 16,5 поени и 7,9 скока за Оклахома Сити Тандер, додека Милер (21) имаше просек од 17,4 поени по натпревар, притоа постигнувајќи 184 тројки.

URL

Францускиот центар Руди Гобер од Минесота Тимбервулфс, кој веќе три пати ја освојуваше титулата дефанзивец на годината (2018, 2019 и 2021 година), ќе му се спротивстави на неговиот сонародник Вембанјама и центарот на Мајами Хит, Бем Адебајо.

URL
реклама

Кошарка

Револверската пресметка меѓу Јокиќ и Шенѓун отиде кај најдобриот играч во светот

Read more

Клиперс во длабока криза, одлична ноќ за Џарен Џексон

Read more

Многу драма и малку вештини во победата на Лејкерс над Феникс

Read more

Јокиќ речиси не промаши и ги уништи Кингс

Read more
 

Спорт

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Читај повеќе

Вечерва ќе се оддржи јубилејната петта Златна Олимпија посветена на најуспешните жени во спортот

Читај повеќе
  • play_arrow

ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината

Читај повеќе

Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ

Читај повеќе
  • play_arrow

Ф1 циркузот се враќа во Португалија

Читај повеќе

Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Читај повеќе

Брејди ја заинтригира НФЛ јавноста: Подготвен сум, би можел повторно да играм

Читај повеќе
  • play_arrow

Револверската пресметка меѓу Јокиќ и Шенѓун отиде кај најдобриот играч во светот

Читај повеќе

Која е тајната на најдоминантниот клуб во светот со 96 победи и 0 порази и нерешени резултати?

Читај повеќе