Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Вистинските љубители на цвеќиња во своите дворови внимателно ги негуваат хортензиите - зелени џбунови богати со виолетови, црвени, сини и бели цветови.

Некои среќници имаат доживеано нивната хортензија да ја менува бојата како камелеон, па често едно лето цветаат виолетови цветови, а наредното лето цветаат сини цветови. Промената на бојата на хортензиите зависи од pH-вредноста на почвата.

Сега кога веќе ја знаете оваа тајна, контролирањето на менувањето на бојата на хортензиите е во вашите раце. Менувањето на pH-вредноста на почвата не е нешто особено тешко, повеќето имаат учено слични експерименти на часовите по хемија во средно школо.

Меѓутоа, ако имате хортензии со крем боја, имате проблем, бидејќи оваа хортензија тврдоглаво се држи до својата боја. Евентуално може малку да премине кон розевкаста боја за време на летото.

Ако сакате вашата хортензија да има сини и виолетови цветови, земјиштето околу неа мора да биде покисело. Киселата почва ќе помогне алуминиумот да се пренесе во растението, што ќе услови појавување на сина боја.

Доколку вашата хортензија е веќе сина, тоа значи дека земјишптето околу неа веќе е кисело. Органското ѓубриво ќе ви помогне дополнително да го закиселите земјиштето. Органско ѓубриво можете и сами да направите од остатоци од вашата кујна, како што се талог од кафе и кори од банани.

Ако сакате розева хортензија, посоветувајте се со експерти од земјоделска аптека кои ќе ви препорачаат производи за намалување на киселоста на почвата, што ќе ја услови вашата хортензија да цвета во розева боја.

Лушпи од јајца, пепел, школки донесени од летување, како и кора од лимон, ќе направат земјиштето да се ослободи од киселоста, па ќе добиете хортензии во нежно розева боја.

Тагови
реклама

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Живот

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

4 совети како детето полесно да се одвикне од цуцла

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more

Модната еволуција на Скопје - спојување на стилот и одржливоста на 27. издание на Моден викенд Скопје

Read more
 

Магазин

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Читај повеќе

Две причини зошто мажите одлучуваат да стапат во брак

Читај повеќе
  • play_arrow

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Времето за неа стои: Клаудија Шифер се врати на модната писта

Читај повеќе

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Читај повеќе

4 совети како детето полесно да се одвикне од цуцла

Читај повеќе

Хороскопски знаци кои често остануваат во лоши и токсични врски

Читај повеќе

12 причини за лош здив - можe да укажуваат на сериозен здравствен проблем

Читај повеќе

Карактерни особини на мажите кои имаат богат сексуален живот

Читај повеќе