Секојдневни навики што предизвикуваат надуеност и гасови

Надуеноста и гасовите се здравствен проблем со кој секојдневно се борат една четвртина од луѓето. Тие се главно природен несакан ефект на варењето, но одредени навики може да предизвикаат зголемување на производството на гас, што на крајот резултира со надуеност.

Ова се некои од нив:

Пиење од сламка

Следниот пат кога ќе сакате да пиете низ сламка (или како што некои велат - цевка), размислете двапати. Со секоја голтка, прво голтате воздух, а тоа доведува до зголемување на производството на гас. Ова дополнително се влошува со пиење газирани пијалаци преку сламка. Затоа, држете се до негазираните пијалаци и исфрлете ги сламките ако сте особено склони кон надуеност.

Земање антибиотици

Антибиотиците може да ја нарушат природната рамнотежа на бактериите во цревата, што резултира со надуеност. Ова се случува поради прекумерен раст на одредени бактерии кои можат да предизвикаат зголемување на производството на гас.

Ова е причината зошто пробиотиците се препорачуваат заедно со антибиотиците, бидејќи тие ги разградуваат тешко сварливите молекули и помагаат да се врати рамнотежата на добрите и лошите бактерии во цревата, намалувајќи го воспалението и формирањето гасови.

Консумација на зелки

Зеленчукот богат со растителни влакна, како брокулата и карфиолот, содржи рафиноза - шеќер кој останува несварен додека не се ферментира од бактериите во цревата, кои произведуваат гасови и предизвикуваат надуеност. Премногу влакна, исто така, може да биде тешко за вашето тело да ги свари, особено ако не пиете доволно вода - што помага во нивното разградување.

Премногу сол

Освен што предизвикува висок крвен притисок и други здравствени проблеми, исхраната богата со натриум може да доведе до задржување на водата, што може да направи да се чувствувате подуени. Задржувањето на водата во телото резултира и со отекување на телото.

Пребрзо јадење

Колку побрзо јадете, толку повеќе голтате воздух, а како и газираните пијалаци, штом тој воздух ќе влезе во цревата, може да доведе до надуеност и непријатност. Затоа, обидете се да вежбате внимателно јадење додека седите на маса за да го олесните варењето.

Прекумерен раст на бактерии во тенкото црево

Бактерискиот раст во тенкото црево може да биде предизвикан по операција на гастроинтестиналниот тракт или од разни болести како што се заболување на црниот дроб, целијачна болест, дијабетес и други болести поврзани со дигестивниот систем. Посетете го вашиот лекар за да ја дознаете точната причина за вашата надуеност.

Тагови
реклама

Здравје

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Read more

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more
 

Магазин

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Читај повеќе