Сексуалните работници во Холандија се враќаат на работа

Сексуалните работници оваа недела се враќаат на работа, објави денеска холандскиот министер за здравство Хуго де Јонг.

Проституцијата во Холандија е легална, но беше забранета од средината на декември, кога властите воведоа ограничувања за борба против пандемијата на коронавирусот.

Сексуалните работници протестираа во Амстердам во март, тврдејќи дека биле дискриминирани затоа што властите дозволиле отворање на други услужни дејности каде што исто така се остваруваат контакти со клиенти, како што се фризерски салони и салони за масажа.

За време на затворањето, Владата им понуди ограничена финансиска помош на сексуалните работници кои имаат важечки договор за работа и можат да докажат дека изгубиле најмалку 20 проценти од своите приходи поради пандемијата.

Де Јонг рече дека стапката на вакцинација која сега е постигната овозможува Владата да продолжи да ги олеснува мерките.

Тој најави дека во среда ќе бидат отворени и зоолошките градини, фитнес центрите и базените, бидејќи вакцинацијата на населението го намали притисокот врз болниците.

Од почетокот на пандемијата, потврдено е дека 1,6 милиони луѓе се заразени во земјата со 17 милиони жители, а повеќе од 20.000 починаа.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе