Семејството на Шумахер ќе го тужи таблоидот за скандалозното „интервју“

Ф1
А.С.
/ 20.04.2023 / 12:56

Откако новинарите на германскиот весник Die Aktuelle направија скандалозно и лажно „ексклузивно“ интервју со седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, семејството на легендарниот возач е подготвено да го тужи таблоидот.

И додека не се знае вистинската состојба на Шумахер, бидејќи семејството ја штити неговата приватност, внимание привлече насловот со задебелени букви на насловната страница на магазинот Die Aktuell: „Михаел Шумахер: Прво интервју“.

Меѓутоа, зад целата акција стои лажен разговор, во кој уредниците на магазинот Die Aktuell користеле вештачка интелигенција за да ги формулираат одговорите на прашањата за интервјуто.

Само како мал показател дека интервјуто е лажно, додатокот „Звучи измамнички реално“ може да се најде под задебелениот наслов со мали букви.

URL

Во текот на лажното интервју, Шумахер „конечно дава одговори“ дали, на пример, во иднина ќе се враќа во јавноста и какво е неговото здравје.

Вештачката интелигенција одговори дека Шуми „може да издржи со помош на најблиските и дека без поддршката на неговото семејство немаше да преживее толку тешки години“.

Семејството на Шумахер за агенцијата Reuters потврди дека планира тужба, а многумина овој потег на таблоидите го оценија како невкусен и бесчувствителен.

И фановите на Михаел Шумахер беа шокирани од потегот на таблоидот и гневот го истурија на социјалните мрежи и го осудија срамното однесување.

Да потсетиме, седумкратниот светски шампион тешко се повреди на 29 декември 2013 година, додека скијаше на француските Алпи, удирајќи со главата во карпа.

Иако носел скијачка кацига, се здоби со тешки повреди на главата и беше пренесен во болницата во Гренобл каде беше опериран и ставен во индуцирана кома.

Единствените изјави што ги слушнавме во изминатите девет години од неговата менаџерка Сабине Кем се од општа природа и велат дека неговото семејство се обидува да направи сè за Михаел Шумахер да се опорави и дека бараат од јавноста да ја почитува нивната приватност.

реклама

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе