Северна Кореја ќе игра фудбал првпат по повеќе од 4 години

Макфакс/Кајгана
/ 19.09.2023 / 11:14

Речиси четири години откако владата реши да ги затвори границите, Фудбалската асоцијација на Северна Кореја потврди дека нивната фудбалска машка и женска репрезентација ќе игра на Азиските игри во Ханжу, Кина.

Репрезентацијата на Северна Кореја последен пат играше во квалификациите за Мундијалот 2022 на крајот на 2019 година, кога одиграа 0:0 со Либан. Од Азиските игри во 2018, Северна Кореја не учествуваше на ниту едно големо натпреварување, пропуштајќи ги Олимпијадата во Токио во 2021 и Зимската олимпијада во Пекинг во 2022 откако владата ги затвори границите поради пандемијата на COVID-19.

Сега, спортистите од Северна Кореја ќе се натпреваруваат во џудо, одбојка и фудбал на Азиските игри во Ханжу. Женската репрезентација освоија злато со победа над Јапонија на Азиските игри во 2018, додека машката репрезентација загуби во финалето од Јужна Кореја.

Азиските игри се отвараат во Ханжу на 23 септември и траат до 8 октомври. Северна Кореа во машка конкуренција е во група со Индонезија, Киргистан и Тајван, додека во женска е во група само со Сингапур бидејќи Камбоџа се откажа. За машкиот турнир важат олимписките правила, односно смеат да играат играчи до 23 години, а само тројца може да бидат постари.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе