Оваа година сезоната на јагоди пристигна порано од било кога, па по тој повод ви го пренесуваме рецептот за најсочниот колач со јагоди.
Комбинацијата од маскарпоне сирењето, пандишпан и кафе секако веднаш ве потсетува на еден од најпознатите десерти - тирамису. Решивме да пробаме поинаква, пролетна верзија со додавање на јагоди и кокос.
Потребни состојки:
- 50 гр рендан кокос
- 500 гр јагоди
- 50 мл сок од портокал
- 50 мл кокосово млеко
- 500 гр маскарпоне сирење
- 50 гр шеќер во прав
- 1 лажица сок од лимон
- 50 гр бело чоколадо
- 130 мл слатка павлака
- 150 гр пандишпан
Подготовка:
Пропржете го кокосот на тивок оган без маснотии, често мешајќи додека не добие златно кафеава боја.
Јагодите измијте ги, извадете го зелениот дел и оставете ги малку да се исушат, а за тоа време изрендајте го белото чоколадо.
Во помал сад ставете 100 гр јагоди и прелијте ги со сокот од портокал и кокосовото млеко. Со миксер пасирајте ги јагодите додека не добиете хомогена смеса.
Во сад со средна големина додадете го маскарпонето, шеќерот во прав и сокот од лимон и со миксер измешајте ги состојките.
Во посебен сад измешајте го кремот во тврд шлаг и нежно измешајте го во смесата со маскарпонето.
Измешајте го ренданото чоколадо и 30 гр пржен кокос.
350 гр јагоди исечкајте ги на ситни парчиња и исто така измешајте ги во кремот.
На дното на правоаголен сад за печење ставете го пандишпанот и покријте го со половина од пирето од јагоди. Рамномерно распоредете половина од кремот, па повторно наредете го слој пандишпан. Прелијте го остатокот од пирето од јагоди и прелијте го со преостанатиот крем.
Покријте со пластична фолија и ставете во фрижидер 3 часа да се излади.
Останатите јагоди исечете ги на половинки и премачкајте ги со изладениот крем, па посипете ги со останатиот кокос. Исечете и послужете.