Колумбиската пејачка Шакира ќе настапи на отворањето на Светското првенство во Катар, заедно со хип хоп групата Блек Ајд Пис и корејскиот бенд БТС.
Ова ќе биде четвртиот настап за Шакира на Мундијал, беше дел од СП во Германија, 2006 година кога ги пееше хитовите „Hips Don't Lie“ и „Bamboo“ во друштво на Вајклиф Џин.
Потоа во 2010 година на СП во Јужна Африка ја отпеа песната „Waka Waka“, а на церемонијата на затворањето на СП во 2014 на сцената се појави со „La la la la lа“.
Шакира ќе биде една од главните личности на отворањето на СП во Катар, заедно со Блек Ајд Пис и БТС, а организаторите ветува ат незаборавен спектакл.
Пејачката зад себе има бурна година, нејзините нови песни „Monotonia“ и „Te felicito“ бележат одлични резултати на дигиталните платформи, а од друга страна се раздели од шпанскиот фудбалер Жерар Пике и го доби старателството над децата.