Прво интервју на пејачката по разделбата

Шакира по раскинувањето со Пике: Жртвував сѐ за тој да биде фудбалер

Распадот на една од најдолгите врски во светот на славните, врската меѓу Шакира и Жерар Пике, и понатаму е интригантен за јавноста. Познатата пејачка, прв пат по разделбата, проговори за раскинувањето со Пике, со кого мина 12 години од животот.

На почетокот на летото, Шакира и Пике објавија дека се разделуваат одлука што стигна откако пејачката дозна за неверство од страна на фудбалерот.

Пике сега има и нова девојка со која веќе се појавува во јавност, а Шакира за првпат проговори за разделбата и во интервју за Elle си ја отвори душата.

„Тешко ми е да зборувам за тоа. Понекогаш мислам дека ова е само грд сон од кој ќе се разбудам. Но, вистина е. Вистина е и тоа дека нешто толку свет и посебно што мислев дека го имам во односот со таткото на моите деца, се претвори во нешто вулгарно и евтино поради медиумите. Ова се најмрачните моменти во мојот живот“, изјави Шакира.

Додаде дека сето ова се случило додека нејзиниот татко бил на интензивна нега и дека и понатаму се обидува да жонглира меѓу нејзината болка и стремежот да ги заштити децата.

„Нашата раздвоеност не е како обична раздвоеност. Не ми е тешко само мене, туку и на децата. Тука се и папараците кои кампуваат пред мојата куќа 24 часа дневно и не постои место каде можам да се сокријам од нив со децата. Не можеме да прошетаме низ парк како семејство или да одиме на сладолед, да правиме нешто, а да не нѐ следат. Се обидов да ги заштитам, бидејќи тоа ми е главна мисија во животот. Но, децата слушаат и разни работи на училиште од нивните другарчиња или наидуваат на некои непријатности на интернет и тоа ги погодува“, објаснува Шакира.

Во емотивното интервју, таа додаде: 

„За жените како мене кои сонуваат да имаат семејство, да се види дека тој сон се распадна e веројатно една од најболните работи низ кои може да минете. Но, мислам дека ние жените сме отпорни. Судено ни е да се грижиме за тие кои зависат од нас. Така опстанувам, потсетувајќи се дека морам да бидам пример на децата. Тие се мојата најголема сила“, вели таа.

Шакира истакна дека таа и Жерар, без оглед на нивниот однос, се родители и ќе настојуваат на децата да им овозможат најдобра иднина.

„Можам само да кажам дека во оваа врска и во семејството вложив сѐ што имам. Пред децата да тргнат на училиште водев номадски живот. Отсекогаш сум живеела како уметник, патувајќи без пауза, на различни делови од светот, на турнеи и настапи. Но, кон крајот на 2014 година знаев дека морам тоа да го ставам во втор план и кариерата да ја префрлам на втора брзина. Знаев дека морам да се смирам на едно место, да пуштам корени во Барселона и да бидам тука за Милан и Жерар, а подоцна и за Саша“, објасни Шакира.

Како што вели, некој морал да се жртвува, а тоа била таа.

„Жерар сакаше да ига фудбал и да освојува титули, а јас морав да го поддржам. Еден од нас мораше да се жртвува, нели? Или тој ќе го раскинеше договорот со Барса и ќе се преселеше во САД со мене, каде се одвиваше мојата кариера или јас тоа требаше да го направам. Еден од нас двајцата мораше да се жртвува и тоа бев јас. Целата кариера ја ставив во втор план, дојдов во Шпанија и го поддржав за да стане фудбалер“, вели Шакира.

Спомена дека тоа била „жртва за љубовта“.

„Благодарение на тоа моите деца можеа да имаат ваква мајка, а јас со нив да имам неверојатна врска која е нераскинлива и нѐ одржува. Тоа е сѐ“, заклучи Шакира на крајот.

Remote video URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Музика

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Андријана Јаневска: По ова издание на Евровизија, донесов правилна одлука што не прифатив да ја претставувам Македонија

Read more

Koj е Немо – победникот на Евровизија

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе