Шаќири: По изборите, ќе се вратат хонорарците неопходни за функционирањето на МКЦ

Директорот на МКЦ, Бени Шаќири, објави дека по завршувањето на изборите хонорарците кои се неопходни за функционирањето на Младинскиот културен центар ќе бидат повторно работно ангажирани.

Шаќири во соопштение наведе дека одлуката да не им го продолжи договорот на 30 хонорарци ја донел врз основа на известување од ДКСК, која сугерира во изборниот процес да не се потпишуваат договори што ќе го оштетат буџетот во согласност со членот 8-а од Изборниот законик.

Директорот тврди дека не станува збор за своеволна еднострана одлука за прекин на договорите, туку се работи за почитување на законите.

„Би сакал да ве известам дека веднаш по завршувањето на изборниот процес и во моментот кога тоа ќе биде дозволено според законските прописи, хонорарно ангажираните лица, кои се неопходни за редовното функционирање на институцијата, повторно ќе бидат со работен ангажман“, вели Шаќири и ги отфрла обвинувањата дека ставил клуч на врата коментирајќи дека ниеден настан од програмата на МКЦ не е откажан.

Дополнително, како што додава, претходните раководства се довеле во ситуација трајно да не изнајдат решение за статусот на хонорарците, па сегашното раководство до ДКСК испратило допис за да добие мислење за натамошното дејствување.

Во МКЦ, со последната одлука на Шаќири, повеќе нема ангажирано лица за предавања во Планетариумот, за реализација на програмските активности (технички лица и орагнизатори на настани), кафулето е целосно затворено, затворена е и Апотеката, а киното „Милениум“ работи со преполовена дејност.

реклама

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more

Времето денеска сончево и потопло

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе