Шефот на ЦИА: Путин е опасен и непромислен кога се чувствува втеран во тесно

Кајгана / МИА
/ 04.10.2022 / 17:16

Американската разузнавачка заедница внимателно ја следи војната во Украина и однесувањето на рускиот претседател Владимир Путин. Шефот на ЦИА, Вилијам Барнс, беше прашан дали Путин е загрижен за напредокот на украинската војска и фактот што стотици илјади луѓе бегаат од Русија.

-Тој мора да биде загрижен, не само за она што се случува на бојното поле во Украина, туку и за она што се случува дома и на меѓународно ниво. Минатиот февруари, непосредно пред почетокот на војната, Путин застана покрај кинескиот претседател Си Џинпинг и тие прогласија пријателство без граници. Се покажа дека тоа пријателство има граници, изјави шефот на ЦИА за CBS News.

Барнс истакнува дека Кина не ја обезбеди воената поддршка што ја очекуваше Путин. И покрај тоа, вели Барнс, Путин останува „тврдоглаво убеден во сопствените проценки“.

-Путин е опасен и непромислен кога се чувствува втеран во тесно. Путин го заснова својот пристап на погрешни претпоставки и мисли дека може да се справи со Украина, САД и Западот, вели Барнс, додавајќи дека верува оти Си „е како сокол што набљудува што се случува во Украина“.

Барнс смета дека кинескиот претседател се „отрезнил“ кога ги видел лошите перформанси на руската војска.

-Кинезите гледаат дека Украинците даваат отпор со многу храброст и упорност, изјави директорот на ЦИА. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе